ОПШТИНА РАДОВИШ ДОБИВА НОВ РОВОКОПАЧ
Дата
April 03, 2019
Категорија
ВестиОбезбеден од проектото на ЕУ за развој на руралната инфраструктура
На општина Радовиш и е доделен ровокопач во рамките на проектот „Набавка на универзални ровокопачи-натоварувачи за потребите на руралните општини“. Истиот заеднички ќе го користи со општините Конче и Карбинци.
На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.
Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи која е финансирана со средствата од Европската унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно одржување на инфраструктурата во руралните области. Ровокопачите ќе бидат доделени на 10 општини кои во група со уште по две општини заеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.