ОПШТИНА РАДОВИШ ДОМАЌИН НА ЏИФОНИ ФЕСТИВАЛОТ
Дата
May 13, 2019
Категорија
Вести, КултураВо текот на деновите 10 и 11 Мај (петок и сабота), Радовиш беше домаќин на Филмскиот фестивал „Џифони“.
Во Центарот за култура „Ацо Караманов“, повеќе од 120 ученици од средното општинско училиште „Коста Сусинов“ и од општинските основни училишта „Никола Карев“ и „Крсте П.Мисирков“, преку проактивни работилници и следење на проекции на филмови коишто обработуваат теми што ги засегаат младите, имаа можност да се запознаат со престижниот филмски фестивал „Џифони Експириенс“ одИталија, како најголем фестивал за деца и млади на којшто учествуваат 50 земји од целиот свет.
Во име на Градоначалникот Конзулов, фестивалот го отвори Секретарот на општина Радовиш, Драги Стојанов кој посакувајќи успешен тек на Фестивалот, се заблагодари за можноста да бидеме домаќини на овој прекрасен настан.
Инаку фестивалот во Македонија се одржува веќе седма година, патувајќи во повеќе градови, а главниот настан се одржува во Скопје каде се бираат 10 ученици кои секоја година земаат директно учество на фестивалот во Италија.