ОПШТИНА РАДОВИШ: ИНСПЕКТОРАТОТ СО ЗАСИЛЕН НАДЗОР И АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ИНСПЕКТОРИТЕ
Дата
June 04, 2020
Категорија
ВестиОпштинскиот инспекторат во периодот што следува ќе врши засилен инспекциски надзор на територијата на општината. Покрај надзорот на правните и физичките лица, ќе се прземаат активности за промовирање на транспарентноста во работата на службите и подигање на јавната свест на граѓаните за нивните права и обврски.
На одржаниот координативен состанок со градоначалникот се разгледуваше работата на општинскиот инспекторат, активностите на терен и степенот на оперативност на сите инспектори.
Градоначалникот Конзулов истакна дека е потребно зголемување на инспекциските контроли во сите области, со посебен акцент на животната средина и нелегалното одлагање на ѓубре.
Општинскиот инспекторат работи во служба на граѓаните и целта на инспекторите е првично да укажуваат и издаваат опомени а пак казните следуваат како крајна мерка. За да се подигне нивото на транспарентност сите следни активности ќе бидат јавни и промовиран од Општината.