ОПШТИНА РАДОВИШ ОТПОЧНУВА СО ИСПЛАТАТА НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД УЧЕНИЧКИТЕ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2014/15
Дата
March 19, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиСо донесувањето на Правилникот за доделување на стипендии на ученици од основното и средното образование во општина Радовиш од страна на Советот на општина Радовиш на 04.07.2013 г., Општината и Градоначалникот на општина Радовиш започнаа со доделување општински стипендии за ученици од основното и средното образование.
Според одредбите во Правилникот, стипендии во учебната 2013-2014 добија вкупно 16 ученици од кои: 4 ученици од ООУ Крсте Петков Мисирков, 4 ученици од ОУ Никола Карев, 2 ученици од ООУ Коста Рацин – Подареш, 2 ченици од ООУ Орце Николов – Ињево, 2 ученици од ООУ Кирил и Методиј – Ораовица и 2 ученици од СОУ Коста Сусинов Радовиш.
Со измената на Правилникот бр.07-1742/1 од 18.09.2014 со која се овозможи стипендии да добиваат и ученици запишани во прва година средно, за учебната 2014-2015 година, стипендии добија вкупно 24 ученици од кои: 4 ученици од ООУ Крсте Петков Мисирков, 4 ученици од ОУ Никола Карев, 2 ученици од ООУ Коста Рацин – Подареш, 2 ученици од ООУ Орце Николов – Ињево, 4 ученици од ООУ Кирил и Методиј – Ораовица, 3 ученици од СОУ Коста Сусинов Радовиш и 5 ученици запишани во права година средно.
Износот на стипендиите за учениците од основните училишта е во износ од 2.500,00 денари, а за учениците од средното училиште е во износ од 3.000, оо денари.
Исплатата на првиот дел од стипендиите на 24 стипендијанти – ученици во основно и средно образование за за учебната 2014-2015 ќе следнува во следните неколку денови.