ОПШТИНА РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА БИОДИВЕРЗИТЕТ
Дата
July 07, 2015
Категорија
ВестиОд денеска и официјално започнаа активностите поврзани со спроведувањето на проектот за изработка на Студија за биодиверзитет на подрачјето кое го опфаќа нашата општина и подготовка на „Студијата за биодиверзитет“.
Имено се работи за проект кој ќе се реализира помеѓу општината и Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, односно проф. д-р Стеван Алексоски, м-р Горан Арсов, дипл.инж. по шумарство Трајче Ангелов и претставници на општината, а е финансиран од Министерството за животна средина, со дел учество на општината како техничка помош.
Обединетите нации го означија периодот од 2010 до 2020 година како деценија на биоразновидноста (биодиверзитетот) односно степенот на разновидност на животните облици во рамките на даден вид, екосистем, биом или планета.
Студијата за биодиверзитет која ќе биде направена за територијата на општина Радовиш секако ќе биде од големо значење во делот на евидентирање на целосната флора и фауна на нашето подрачје, нивна подобра заштита и реализација на идни проекти во насока на промоција на природното богатство со кое располагаме , за за кое многумина од нас малку знаат.
На територијата на нашата олпштина се наоѓаат и живеат мнобгу ретки растенија и животни кои во минатото биле предмет на истражување на странски истражувачи. Сега со помош на локални познавачи и стручни лица тоа ќе и биде достап но и на целокупната јавност синтетизирано во целосен труд достапен во печатена и електронска верзија.