ОПШТИНСКИ АКТИВНОСТИ ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ
Дата
August 31, 2015
Категорија
ВестиОпштинските служби пред почетокот на новата учебна година започнаа со активно одбележување на хоризонталната сигнализација пред се поради зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот,а особено сега од први септември кога учениците од основните училишта и од средното општинско училиште ја започнуваат новата учебна година.
Се обележуваат пешачките премини на сите главни, но и споредни сообраќајници и секаде каде што има потреба во градската улична мрежа. Ова активност ќе се одвива континуирано во текот на месец септември и затоа се замолуваат сите учесници во сообраќајот да имаат трпение кога ќе наидат на ваква активност.
Покрај обележувањето на хоризонталната сигнализација редовно се води грижа и за вертикалната сигнализација која најчесто е цел на лица кои несовесно се однесуваат кон заедничкото добро односно ги изместуваат или откорнуваат сообраќајните знаци.