If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОСНОВАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
11780
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11780,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОСНОВАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

 

 


 

Денеска беше потпишана спогодбата за основање локален економско-социјален совет во Општина Радовиш. Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) ќе има консултативно-советодавна функција, ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на Општината за одредени прашања од економско-социјалната сфера.

Lokalen ekonomski sovet (4)

Потписници на спогодбата за основање ЛЕСС Радовиш се градоначалникот на Општина Радовиш, г. Сашко Николов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров, и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Благоја Ралповски.

 

Во советите ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на општините, средните училишта, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.

Lokalen ekonomski sovet (2)

Основањето на локалниот Економско-социјален совет во Радовиш е во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Lokalen ekonomski sovet (3)

Крајната цел на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.

 

Во рамки на првата компонента, зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, проектот го поддржува основањето на шест локални економско-социјални совети, преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање на ЛЕСС и опремување на секретаријатите на ЛЕСС со мебел и компјутерска опрема. Преку проектот Унапредување на социјалниот дијалог, досега се основани пет локални Економско-социјални совети, имено во Ресен, Велес, Свети Николе, Струга и Кичево.

Дата

July 19, 2016

Категорија

Вести