ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА АЛИКОЧ И КОЏАЛИЈА
Дата
September 24, 2015
Категорија
ВестиВо текот на вчерашниот ден Градоначалникот Сашко Николов оствари средба со жителите на населените места Аликоч и Коџалија, а во рамките на Агендата за посети и средби со жителите од урбаните и месните заедници во населените места во општина Радовиш.
Градоначалникот Сашко Николов заедно со Советникот од ТДП Енис Омеров и Директорот на ЈП Плаваја Драги Миленков направија обиколка на инфраструктурните зафати кои се реализираат во овие две населени места, каде што жителите се претежно од турска националност, а исто така ги разгледоа можностите за реализирање на уште неколку проекти кои би биле од голема важност за овие населени места и нивните граѓани.
Жителите од Коџалија и Аликоч ја искажаа својата благодарност до Градоначалникот Сашко Николов и општина Радовиш кој успеа да изнајдат решение и веќе се видливи работите на санација на водоводот и изградбата на новата мрежа каде што овие две населени места ќе го решат деценискиот проблем со вода за пиење.
Агендата за посети по населените места и средба со граѓаните на Градоначалникот Николов продолжува и во текот на наредните денови.