ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОПШТИНА БОБОВ ДОЛ ОД БУГАРИЈА
Дата
November 24, 2015
Категорија
ВестиВо петокот во општина Радовиш, беше остварена работна средба помеѓу претставници од општина Бобов Дол, Република Бугарија предводени од Градоначалникот Елза Величкова и работна група од општина Радовиш.
На средбата беа разменети идеи за заедничка соработка и можно партнерство во подготовка на проекти за искористување на финансиски средства од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2014/2020.
Можностите за искористување на овие финансиски средства се големи, а во моментов е отворен повик за доставување на заеднички проекти.
Поединечните области по кои општините можат да аплицираат се: животна средина-заштита на биодиверзитетот, заштита од поплави и економско заживување на регионите како и аплицирање на проекти за развој на туризмот и туристичките потенцијали на општините.