ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЦИВИЛНИ ИНВАЛИДИ
Дата
October 01, 2019
Категорија
ВестиДенес Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов имаше средба со членови од Здружението на цивилни инвалиди од втората светска војна, кое е со седиште во Штип.
На оваа средба покрај Градоначалникот Конзулов присуствуваа и Ѓорги Боризовски-Претседател на меѓуопштинското здружение на цивилни инвалиди од втората светска војна, Трајче Јованов-потпретседател, Костадин Кечев-член на извршен, и Трајче Дамбов-почесен член.
Оваа здружение е формирао 1971 година во Штип, во моментот е меѓуопштинско здружение кое покрива дел од градовите на источниот дел на републиката.
Основна цел на здружението е превентивно делување, од НУС меѓу другото организираат и литературен и ликовен конкурс во основните училишта на оваа тематика.