Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО
10048
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10048,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО

Дата

March 04, 2015

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Денес во салата на Советот на општина Радовиш се одржаа ,,Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство,, на која средба беше присутен Директорот на Агенцијата, Зоран Поповски.

 

Овие средби со граѓаните и операторите со храна се во склоп на активноста ,,Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство,, што е одлична можност институцијата да се запознае со реалните проблеми и потреби на граѓаните и компаниите.

 

За таа цел подрачната единица на Агенцијата за храна и ветринарство ги покани сите заинтересирани страни да бидат присустни на оваа средба со директорот и неговиот тим каде што имаа можност да дадат одредени предлози и искажат мислења за унапредување на работата на Агенцијата, а исто така и да го запознаат Директорот Поповски со проблемите со кои се соочуваат.