ОТВОРЕН ДЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Дата
June 12, 2015
Категорија
ВестиДенеска во просториите на општина Радовиш беше организиран-Отворен ден на локално ниво од страна на Комисијата за заштита од дискриминација со единиците на локалната самоуправа во соработка со ОБСЕ.
Претседателот на комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски говорејќи на темата објасни што е дискриминација, како да ја препознаеме и како да се заштитиме од истата.
Во првиот дел од средбата беа присутни претставници од општината и јавните институции, додека граѓаните не покажаа особен интерес за истата.
Инаку општина Радовиш активно учествува во сите обуки и процеси кои се поврзани со почитување на човековите права, заштита од дискриминација и веќе неколку години поседува Сертификат за општина без дискриминација.