ОТЧЕТ 100 ДЕНА, ГРАДОНАЧАЛНИК АЦО РИСТОВ
Почитувани сограѓани
Изминаа 100 дена откако ми ја дадовте Вашата доверба за Градоначалник на општина Радовиш.
Во текот на изборната кампања Ви зборував дека има разлика во понудените програми и Вие ја препознавте таа разлика. Веднаш презедовме обврска да покажеме на дело дека постои разлика.
Во овие 100 дена период на прилагодување, најпрво започнав со студиозен пристап на капацитетите на општинската администрација но и на сите поголеми и помали проекти од различни области а кои се со подеднакво значење за развојот на општина Радовиш.
За жал, уште на почетокот наидов на многубројни и сериозни проблеми и предизвици од неодговорното и несовесно работење на претходната локална власт.
Тргнувајќи од сериозното (речиси целосно) намалување на приходот од концесијата за експлоатација на минералните сировини за рудникот Бучим и Боров дол, кој беше еден од најважните приходи на нашата општина. Иако законот е донесен уште пред 8 години и сите знаеле дека ќе дојде до оваа неправичност не се презела никаква конкретна активност за решавање на овој суштински проблем кој сега ја кошта Општината намален приход од скоро еден милион евра годишно кои средства требаше да бидат наменети за побрз развој и изградба на инфраструктура.
Продолжувајќи со штетниот склучен договор преку еско моделот за подобрувањето на уличното осветлување, кое наместо да биде економично и да имаме заштеда на енергија и помали трошоци, општината е доведена до колапс во делот на пресметките и целосно трошоците за одржување на уличното осветлување и плаќањето на превисоките сметки за потрошена електричната енергија.
Затекнав сериозни проблеми во несовесното работење на образовните установи во делот на неискористување на одобрените финансии согласно потребите на учениците и образовниот кадар.
Со моја брза интервенција успеавме да искористиме голем дел од овие средства но сепак околу 5.000.000 денари беа вратени во централниот буџет како неискористени. Проблемот со детската градинка за кој дури бев обвинет од политичкиот ривал, беше толку сериозен што едноставно се изгубила смислата на грижата на централната власт, за најважната категорија за нас а тоа се децата во предшколската возраст.
Се изнаоѓале паушални, несистемски и незаконски решенија кои биле на штета на граѓаните на општина Радовиш односно се трошеле средства од општинскиот буџет за обврски кои треба да ѓи обезбеди централната власт и трошени за партиски вработувања преку разни договори.
Ова небиле единствените трошења во 2021 година од буџетот се потрошени 47.000.000 денари повеќе од планираните приходи со што се потрошени сите резерви на Општината која ѓи акумулирала со текот на годините се во предизборни активности.
Општината не беше во можност да распише тендер за обнова на оштетениот коловоз на локалните улици, за тоа што никој не водел грижа за тоа. Но со донација на една од градежните фирми од Радовиш Техноинжинеринг, успеавме непосредно пред нова година на направиме санација на ударните дупки непосредно пред зимскиот период.
И да завршам со спортот. Ако во 2017 година локалната власт презела фудбалски клуб во Втората македонска лига и Ракометен клуб со високо котирање во Супер лигата, затекнав распаднат фудбалски клуб и ракометен клуб кој е на последно место и се бори за опстанок.
За сите овие проблеми ќе се направи ревизија на работењето и ќе се преземат соодветни активности.
Но граѓаните на Општина Радовиш не ми ја дадоа довербата за да барам оправдувања и критикувам, тоа тие добро го знаат и без јас да и го кажам затоа и ми ја дадоа довербата која е истовремено и голема одговорност.
Затоа јас се зафатив уште од првиот ден со создавање на нова иднина преку повисоки стандарди и креирање на нови патишта за развој на Општина Радовиш. Во продолжение ќе наведам само дел од проектите и постапките кои се покренати и кои незапирливо ќе го менуват животот на граѓаните.
1.Преку советот на Општината покренав иницијатива за нова законска концесиски надомест од преработка на минерални суровини – односно одлагање на флотациска јаловина, која во иднина ќе претставува сериозна можност за нов прилив во општинскиот буџет. Иницјативата преку двајцата пратеници е доставена за интервенција во законот за минерални суровини кој е во собраниска процедура, се надевам дека и двете партии кои се застапени преку нашите пратеници во парламентот ќе ја подржат оваа иницјатива со која ќе се хитно исправи неправдата која е нанесена на граѓаните на Радовиш кои моментално добиваат само сериозно загадување на животната средина без никаква компензација за тоа. Ова е Наше животно право и Јас ќе ги искористам сите средства и моќ да Радовиш добие дел од националното богатство кое се неповратно експлоатира од нашата Општина.
- Побарав целосна ревизија на договорот за уличното осветлување и покренав сериозна иницијатива преку сите можни институции за решавање на проблемот со превисоките цени на електричната енергија и очекувам овој сериозен проблем наскоро да добие позитивна завршница. Истовремено се нарачани проекти за изградба на фотоволтачни системи на сите јавни институции со што би требало за година дена сериозно се ослободиме односно сами да произведуваме електрична енергија за потребите на уличното осветлување и се приближиме неколку чекори кон ветувањето за Радовиш енергетски независен град.
- По направените притисоци врз Министерството за труд и соцјална политика а со помош на директорката на Детската градинка на пат сме да трајно се реши проблемот со вработување на потребниот персонал неопходен за работа на оваа важна институција, добиена е усна согласност се чека формална потврда, се надевам дека нема да бидеме излажани бидејќи ќе ѓи покренеме сите можни алатки за обезбедување на достоинствени услови за згрижување на децата во предшколската возраст. Паралено на оваа е покрената и постапката за проектирање на нова градинка во 5 татат месна зедница.
Со ова ќе бидат заштедени средства кои досега неоправдано се трошеле и истите ќе бидат наменети за проектирање и изградба на нова грдинка.
4.Храбро и суштински започнавме да го решаваме еден од најголемиот проблем на граѓаните на општина Радовиш – проблемот со паркирањето.
Изработен и усвоен е нов сообраќаен проект и режим на сообраќај после цели 15 години, воведуваме модерен систем на зонско паркирање во нашиот град. Наскоро граѓаните ќе го почуствуваат благодетот од овој проект. Ќе се воспостави нов сообраќаен ред кој конечно ќе стави ред во сообраќајниот хаос, на што граѓаните најмногу се жалат секојдневно.
Затоа ѓи замолувам ѓраѓаните за малку стрпливост во првите месеци од реализацијаа на проектот кој ќе има и месец дена пробен период во кое време сите ќе си ги регулираат своите права во доменот на паркирањето.
Во таа насока веднаш на почетокот го изградивме новиот паркинг простор во урбаната заедница Комуна, позади зградата на општина Радовиш со кој сериозно го олеснивме сообраќајот на самиот булевар „Александар Македонски“ и улицата „Самуилова“, но ова е само почеток на градба на сите паркиралишта кои се предвидени со планските документи, веројатно ова ќе подразбира и отстранување на нелегално поставени лимени гаражи кои го узурпираат јавниот простор предвиден за паркирање и урбано живеење.
- Вториот суштински проблем а кој истовремено ќе биде и еден од капиталните објекти кои ќе ги градиме е секако и изградбата на нов градски пазар.
Бидејки актуелниот проект кој го затекнав не преставува целосно решавање на проблемите, почнав иницијатива за негово изменување а во согласност со потребите на сите засегнати страни, во тек е изготвување на новото решение за овој капитален објект кој ќе биде на обострано задоволство на сите засегнати страни и кој истовремено ќе решава повеќе проблеми почнувајќи од паркирање, нов зелен пазар, деловни простории и јавен простор со што овој дел од градот ќе добие препознатлив лик и функција.
- Доказ дека секојдневно ќе градиме и проекти кои не се во партиските програми е и експресната иведба на проектот за достоинствен и модерен влез во Радовиш. Токму за таа цел веднаш започнавме со два сериозни зафати на влезот во општина Радовиш. Во тек е уредување на атмосферски канал за одведување на води на регионален пат – влез во Радовиш како и изградба на пешачка и велосипедска патека и поставување на ново улично осветлување на влезот во општината.
7.Почитувани, градиме иднина, нова иднина. Тоа ќе го почнеме уште сега веднаш и нема да биде само шминка туку суштински. Нема да дозволиме почнати и недовршени проекти, раскопани, а не асфалтирани улици.
Со години се правеле импровизации и прокти по барање и мерка на поединци, не водејќи сметка за потребите на оние кои со години чекаат за решавање на основни човечки потреби.
Во делот на администрацијата и услугите кои Општината треба да ги дава на граѓаните правиме реформи во јавната администрација со поставување на компетентни и едуцирани личности на раководни функции за да може целиот ситем да се придвижи и одговори на сите барања на граѓаните а без притоа да има нови варботувања. Како резултат на оваа се и преку 400 тини решени предмети за легализација кои со годии биле заглавени во лавиринтите на неорганизираност, некомпетентност и корумтивни постапки.Во постапка е и прокт за дигитализација на услугите кои граѓаните во иднина ќе ѓи добиваат и без да одат по шалтери и губат драгоцено време, време е стандардите на Европа ги примениме дома за да ствараме услови за достоинствен живот.
Иако граѓаните будно ѓи следат сите наши активности во оваа прилика ќе потенцирам некои од проектите кои се завршени или започнати во овие 100 дена од мојот мандат без да користам бројки во метри и кубици со кои само ќе се губи смислата.
-Асфалтирана е дел од улицата „Бел Камен“
-Асфалтиран пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата и обезбеден паркинг надвор од кругот на гробиштата
-Асфалтиран пристапен пат од населеното место Штурово до новото планирано излетничко место
-Изградба на водовод и канализација на ул.кејска и ул 2 во УБ 9.2
-Изградба на водовод и канализација на ул. бр 3 во УБ 9
-Изградена мини брана и акумулирање на вода за наводнување и сточарство во с.Злеово
-Исчистен вишокот на наноси во речното корито на река Ступница во Подареш
-Обновување на хоризонталната сигнализација и обележување на пешачките и велосипедски патеки
-Асфалтирање на спортско игралиште во ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица
-Реализиран проекот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ Кирил и Методиј
-Пуштено во употреба подрачно училиште во с.Калаузлија
-Набавени специјализирани монтажни куќички за потребите на разни манифестации
-Поставени интернет базни станици кои нудат бесплатен пристап до безжичен интернет
Исто така во тек се и неколку проекти кои сериозно ќе го подобрат квалитетот на живот во општина Радовиш.
-Во тек е изградба на мултифункционална сала за венчавки со галерија која овој важен чин од животот на младите брачни шарови ќе го направат достоинствен.
-Изградба на улица кејска и ул бр. 2 во урбан блок 9.2
-Изградба на улица бр. 3 во урбан блок 9
-Уредување на централно градско подрачје и асфалтирање на дел од улица Св.Спасо Радовишки и поставување на ново улично осветлување.
-Изградба на мост на река Марлада
-Санација на свлечиште на пат Подареш-Смиланци
-Отпочната е постапката за изградба на улица Видое Смилевски Бато
-Избран е изведувач за изградба на локален пат Дамјан-Погулево и градбата наскоро ќе започне.
-Започнуваме со изградба на улици во населените места Калугерица и Ораовица во тек се тендерски постапки и издавање на дозволи за градба.
-Продолжуваме со изведба на пристапни улички и тротоари според потребите на граѓаните од бехатон и поставување на урбана опрема.
Ветивме дека Радовиш ќе биде еколошки и енергетски независен град.
-Набавивме ново возило во јавното претпријатие Плаваја за собирање на комунален отпад кое ќе овозможи пристап и до помалите улици и населени места.
-Набавивме проектна документација за поставување на фотоволтаични панели кои ке бидат поставени на кровните конструкции на јавните установи
-Започнуваме со изработка на План за одржлива урбана мобилност на општина Радовиш
-Започнуваме со нова вертикална и хоризонтална сигнализација со која ќе се олесни сообраќајот во општина Радовиш и ќе севоспостави нов сообраќаен режим и паркирање.
-Започнуваме со субвенционирање на користење на велосипедот како замена за мотроните возила (едно евро дневно за вработени во јавните институции кои ќе доаѓат на работа со велосипед).
Ке се субвенционират граганите за поставување на фотоволтаци за сопствени потреби до 5 киловати до 50%.
-Подготвуваме проекти за уредување на зелените површини и заштита на културно-историските обележја во општината
– И она што е најважно за нас : Склучивме Договор со Европската делегација во износ од 909.288,35 € за реализација на проектот „Зелена топлина“. За прв пат во Македонија воведуваме централно греење со најсовремена технологија за пет згради во општина Радовиш со можност за проширување на услугата и кон останатите објекти и стамбени згради.
Почитувани сограѓани.
Проектите кои ги нудевме во кампањата беа плод на гласот и потребите на граѓаните. Затоа се реални и остварливи и наша обврска е тоа кое што сме го ветиле да го реализираме.
За да можеме да планираме развој на Општината Радовиш се зафтивме со еден од најтешките проблеми кои е одложуван повеќе од 20 години, а тоа е изработка на НОВ ГУП за Радовиш, со кој ѓе отвориме нови развојни перспективи за градот и урбанизацијата. Овој проект не е атрактивен за политичка кампања и промоција бидејќи е макотрпен процес кој бара многу време и ангажман, но јас не гледам друг начин како да отвориме нови патишта и го ослободиме Радовиш од прангите на урбанистичката деликветност која секојдневно ствара бариери за развој и планирање.
Покрај оваа се планират и изработка на повеќе ДУП ови како во Радовиш така и по населените места кои се осакатени со години неможејки да си ги остваруват своите права за градба и планирање.
Започнуваме со набавка на комплетна техничка документација за капиталните проекти:
-Прва фаза зафат на Радовишка река за заштита од поплави во горниот тек на реката а потоа и втора фаза – проектна документација за нов рекреативен парк.
-Набавка на комплетна техничка документација за нов културно-рекреативен центар со полштад во централното градско подрачје.
Во ред го ставаме стопанисувањето, користењето и одржувањето на спортските објекти и детските паркови во општина Радовиш преку ставање во функција на јавно претпријатие коие ќе стопанисува со сите спортски објекти и детски игралишта кои се оставени на немилост со години да се распаѓаат.
Би можел да набројувам уште многу од активностите кои секојдневно ѓи иницирам во сите свери на општествениот живот и стопанството, кои со упорност и утврдена динамика сум убеден дека ќе вродат со плод во периодот пред Нас.
Почитувани сограѓани овде ќе го завршам овој краток преглед за работите кои секојдневно ѓи извршува Вашиот градоначалник, очекувам соработка од сите Вас кои имате идеи, визии и видувања да се вклучите за да може зедно од Радовиш да направиме убаво место за живеење.
Дата
February 28, 2022