If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОГЛАС за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица – Прв циклус
11602
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11602,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОГЛАС за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица – Прв циклус

Проектот за управување со сливот на река Струмица има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и целокупното сливно подрачје. Во партнерство со локалните земјоделски производители, Проектот ќе спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки.

 

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со поголем број партнери на локално и национално ниво.
Заради постигнување на овие цели, Проектот објавува повик за избор на земјоделски домаќинства, чиишто претставници, би се вклучиле во специјализирани обуки за агроеколошкo производство. Обуките ќе се изведуваат во следните општини:

  • Радовиш (за општините Радовиш и Конче) – со акцент на производителите на сливи, јаболка и круши;
  • Струмица (за општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село) – со акцент на производителите на пиперки и домати (на отворено и затворено).

 

Во обуките планирано е да се вклучат по еден претставник од вкупно 25 земјоделски семејства вклучени во производството на сливи, јаболка или круши од Радовиш и Конче и по еден претставник од вкупно 30 земјоделски семејства, производители на пиперки и домати (на отворено и затворено) oд Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Изборот на земјоделските семејства ќе се изврши според претходно дефинирани критериуми, вклучувајќи и стручна проценка на придонесот на предложените фарми и мерки кон целите на Проектот.
По спроведувањето на обуките ќе следува тест за проверка на знаењето стекнато во рамките на програмата за обука. Тестот ќе го полагаат претставниците на земјоделските семејства кои учествувале на обуките.
Врз основа на повеќе критериуми, вклучувајќи ги резултатите од тестот, 10 земјоделски семејства, производители на овошни култури (од Радовиш и Конче) и 20 земјоделски семејства, производители на градинарски култури (од Струмица, Ново Село, Василево и Босилово) (вкупно 30) ќе станат корисници на грант од страна на Проектот. Предуслов за добивање на грант е резултат на тестот од најмалку 50%.
Вредноста на секој грант ќе биде до 300,000 денари, наменски средства за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки. Изборот на потребната опрема и материјали ќе биде направен од страна на стручен тим во рамки на проектот, додека набавката ќе ја изврши канцеларијата на УНДП.

Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници на обуките за агроеколошко производство што ќе се одржат во периодот јули – ноември 2016 година.

 

Целосниот текст на огласот може да гo симнете од следниов линк: О Г Л А С за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица.

 

Апликации:
1. Пријава за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица – Општини Струмица, Василево, Босилово и Ново Село –
2. Пријава за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица – Општини Радовиш и Конче –

Дата

May 18, 2016

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија