ПАРАДНО ДЕФИЛЕ ВО РАДОВИШ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
Дата
June 20, 2014
Категорија
Вести, СпортДенес со парадно дефиле низ улиците во Радовиш се одбележа неделата за безбедност на мотоциклистите во сообрќајот.
Целта на оваа акција чие мото е „Безбедно на мотор“ е подобрување на условите и можностите за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот, подобрување на нивната безбедност во сообраќајот преку подигање на свеста за правилно однесување на мотоциклистите и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот, особено на возачите на моторните возила за почитување на мотоциклистите како ранлива група учесници во сообраќајот.
За таа цел Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Радовиш во соработка со Полициската станица од Радовиш и Мото клуб Џинка, покрај другите активности го организираа оваа парадно дефиле на мотоциклистите од Општина Радовиш.