ПАТОТ ПОДАРЕШ-СМИЉАНЦИ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ДОКОМПЛЕТИРА
Дата
July 01, 2015
Категорија
Вести, Тековни ПроектиЗапочна изградбата на нови 950 метри од патниот правец Подареш-Смиљанци.
Завршени се сите законски рокови и процедури околу избор на изведувач на дел од патниот правец Подареш-Смиљанци кој ќе биде изграден со подршка од Јавното претпријатие за државни патишта.
Со претходниот проект делница од овој патен правец беше изградена во должина од 1 км и 880 м и со ширина од 4 м. Деновиве сме сведоци на интензивни работи околу пробивањето и дооформувањето на патот.