ПАЦИЕНТИТЕ ОД РАДОВИШ ДОБИЈА НОВ СОВРЕМЕН МАМОГРАФ
Дата
August 26, 2016
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиМинистерот за здравство Никола Тодоров денеска во посета на ЈЗУ„Здравен дом“ Радовишпри што го промовираше новонабавениот мамограф.
При денешната посета министерот Тодоров го промовираше пуштањето во употреба новонабавениот мамограф за потребите на пациентите од општина Радовиш и пошироко.
Тој даде висока позитивна оценка за „Здравен дом“ Радовиш, потенцирајќи дека одлично се развива, а со набавката на мамографот пациентите од нашата општина конечно ќе имаат можност за навремен скрининг и квалитетна и подобрена услуга. ,,Покрај тоа овде во оваа здравствена институција се нудат услуги за Ехокардиографија и еходоплер, а денес договоривме и да има три нови специјализации. Директорот Ристов ме информира за проектот за енергетска ефикасност кој е во тек и за направените заштеди од него, така што се договоривме да работиме на проект за воведување на греење на пелети кој уште повеќе ќе допринесе за енергетски ефикасен здравен дом и за заштита на човековата околина„-рече Министерот Тодоров, кој на крајот од својата изјава изрази благодарност до Градоначалникот Сашко Николов и општината за подршката која ја даваат за реализација на проектите на ова институција.
Директорот на „Здравен дом“ Радовиш д-р Ванчо Ристов изрази благодарност за подршката која ја добиваат од Министерствот за здравство, како и од локалната самоуправа, нагласувајќи дека и понатаму ќе продолжат со исто темпо да ги реализираат зацртаните проекти, планови и активности со една единствена цел пациентите да добијат уште поквалитетна и навремена услуга.
Градоначалникот на општината Сашко Николов се осврна на досегашната добра меѓу институционална соработка, заедничката подршка и работа која ќе продолжи и во иднина. „И понатаму како и во претходниот период Општина Радовиш ќе ги подржува проектите на „Здравен дом“ Радовиш се разбира во интерес на сите граѓани на нашата општина е да ја подгнеме здравствената заштита на ниво кое сите наши граѓани го заслужуваат“ –истакна Градоначаникот Николов.