ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ ОТВОРЕНИ ЗАБАВНИ ФУДБАЛСКИ ШКОЛИ
Дата
October 03, 2015
Категорија
СпортПрекрасна беше сликата во изминатите три дена на градскиот стадион во Радовиш, повеќе од двеста деца од општината и градот вклучени во проектот на „Отворени забавни фудбалски школи“ во бели маички и капчиња преку игра и забава се запознаваа со тајните на фудбалската магија.
Дечињата се на возраст од 5-11 години и работат под будното око на дванаесет тренери обучени за работа со дечиња од оваа возрасна група.
Тренерите оваа година беа обучувани на дводневен семинар во Охрид а стекнатото знаење несебично им го пренесуваат на децата присутни на градскиот стадион во Радовиш.
Во саботата на последниот завшен ден, дечињата одигра еден ревијален фудбалски натпревар со фудбалерите на ФК Плачковица.
Отворените забавни фудбалски школи се под покровителство на Градоначалникот Сашко Николов, а лидер на овогодинешната школа за Радовиш како и неколку години претходно е истакнатиот спортски работник и тренер Дарко Коцев, организатор на манифестацијата се Отворени забавни фудбалски школи на Македонија кој ја обезбедуваат целата потребна опрема и реквизити за изведување на школата.