ПОКАЗНО-ТАКТИЧКА ВЕЖБА
Дата
November 28, 2018
Категорија
Вести„ГАСНЕЊЕ ПОЖАР,ЕВАКУАЦИЈА,СПАСУВАЊЕ ОД РУШЕВИНИ, ПРОНАОЃАЊЕ И ПРУЖАЊЕ ПОМОШ НА НАСТРАДАНИ ЛИЦА ВО ОБЈЕКТ“
На ден 24.11.2018 г.во Радовиш се одржа показно-тактичка вежба како дел од програмата 7.Стручен Собир ,,Радовиш 2018 ”. рганизирана од страна на Министерството за внатрешни работи на РМ-Биро за јавна безбедност, чиј координатор е м-р Зоран Нешкоски,Началник на Сектор за превентивно обезбедување на личности и објекти.
Вежбата беше реализирана по однапред утврдено сценарио, според кое настанал јак земјотрес со епицентар на подрачјето на општина Валандово,а истиот е почуствуван и во општина Радовиш.
Од силината на земјотресот во Радовиш,има настанати материјални штети кај објекти,прекин на електрична енергија и настанати пожари.
На бројот 193 примена е пријава за настанат пожар и рушевини во СОУ ,,Коста Сусинов”Радовиш додека траела наставата.
Показно-тактичката вежба беше успешно изведена со заедничкото координирано учество на сите релевантни субјекти: МВР ПС ОН Радовиш,Единицата за специјални задачи „Тигри“, Единицата за службени кучиња-МВР, Локална самоуправа Радовиш-ТППЕ Радовиш,СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, ЈЗУ-Итна медицинска помош Радовиш, ДЗС- Подрачно одделение Радовиш и ОО Црвен Крст од Радовиш.