ПОКРАЈЧЕВО ДОБИВА УШТЕ ЕДЕН ЗНАЧАЕН ПРОЕКТ – НОВА УЛИЦА ВО ДОЛЖИНА 570 МЕТРИ
Дата
March 22, 2017
Категорија
Вести, Тековни ПроектиОпштина Радовиш во континуитет продолжува со реализација на проекти за подобрување на животните услови на граѓаните во сите населени места па така деновиве активно се одвиваат градежните активности за изградба на улица во село Покрајчево. Улицата е во должина од 570 метри и чини 4 милиони денари кои се обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.
„Во ова населено место беа реализирани неколку значајни проекти во времето на мојот мандат и тоа беше изградена нова училишна зграда, во делот на патната инфраструктура поврзано селото Покрајчево со с.Злеово овој патен правец беше асфалтиран, и откако ќе биде завршена ова улица, ние како локална самоуправа планираме изградба на парк оплеменет со детски реквизити, со еден збор сме доследни на она што го ветивме во програмата. Јас сум особено горд и задоволен што успеавме како локална самоуправа да ги заокружиме ветените проекти во ова населено место.“ рече градоначалникот Николов.