ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 2. АВГУСТ
По повод 2. Август-Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Радовиш предводена од Градоначалникот Сашко Николов денес положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во паркот на младите во Радовиш.
Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ даде Претседателот на Сојузот на борците од Радовиш и Конче.
Свежо цвеќе исто така положија и голем број на делегации.
Дата
August 01, 2016