If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПОСЕТА И СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА АЛИКОЧ И КОЏАЛИЈА
13754
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13754,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПОСЕТА И СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА АЛИКОЧ И КОЏАЛИЈА

Дата

February 21, 2018

Категорија

Вести

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов и раководителот на секторот за урбанизам при општина Радовиш – Кирчо Сусинов, во текот на вчерашниот ден остварија работна средба во селата Аликоч и Коџалија.

Најпрвин, тие го посетија подрачното основно училиште за двете села во с. Коџалија со вкупен бр. Од 102 ученици каде што со наставниците разговараа за приоритетите на училиштето, а беа присутни и на заеднички час со учениците.

 

По посетата на училиштето, градоначалникот Герасим Конзулов и раководителот Кирчо Сусинов разговараа со граѓаните на двете населени места Алокоч и Коџалија за сите проблеми кои ги засегаат граѓаните.

Тие ги информираа граѓаните дека во тек е изработката на Деталните урбанистички планови и за двете села со што ќе се реши една голема потреба на сите граѓани во сферите на изградбата и развојот на селата.

 

Понатаму беа потенцирани плановите на општината за изградба на локален пат и поврзување на селата Коџалија и Аликоч со селата Парналија и Супурѓе.

Исто така, градоначалникот ги информира граѓаните дека во тек е подготовката  на проeктната документација за реализација на проектот финансиран од страна на развојната програма на Јапонската влада  за заштита од ерозија во атарот на с. Коџалија со изградба на каскади  и намалување на количините од  наносен материјал во коритата на Радовишка река.

 

На крајот од посетата, градоначалникот ги инфoрмира граѓаните на двете села дека на почетокот од 2019 година ќе се отпочнат со работите на овој проект во вкупна вредност од еден милион евра.