ПОСЕТА И СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНВАЛИДИ НА ТРУДОТ
Дата
December 04, 2017
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов денес присуствуваше и беше гостин на Здружението на трудови инвалиди од Радовиш, кој по повод вчерашниот 3-ти декември-„Меѓународниот ден на лицата со попреченост“ и „Лицата со хендикеп“ организираа дружење и го одбележаа овој празник.
Градоначалникот Конзулов им го честиташе овој празник посакувајки им многу здравје и среќа нив и нивните семејства. Тој истакна дека како општина Радовиш секогаш во рамките на своите можности ќе им помага на овие здруженија и нивните членови, со цел успешна соработка и решавање на нивните потреби.