ПОСЕТА НА АЛПИНИСТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ПЛОЧА“
Дата
June 25, 2015
Категорија
ВестиГрадоначалникот Сашко Николов го посети Алпинистичкиот дом и локалитетот „Плоча“ каде што свечено беше пуштена фотонапонската централа за произвотство на електрична енергија која е донација од општина Радовиш.
Фотонапонската централа за произвотство на електрична енергија веќе е во функција и служи за осветлување на Алпинистичкиот дом.
Самата посета беше исполнета со прошетка низ локалитетот и презентација на активности на младите членови од АК „Плоча“, како и запознавање на локалитетот од страна на Градоначалникот Николов.
Младите претставници од клубот презентираа качување на еден сектор, на кој беше прво официјално качување.
Задовоството и уживањето беше обострано пред се исполнувачки ден за членовите на АК „Плоча“ и Градоначалникот Сашко Николов.