ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН
Дата
December 02, 2021
Категорија
ВестиДенес во посета на општина Радовиш беше Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Неговата Екселенција Г-дин Сергеј Баздникин.
На протоколарната средба со градоначалникот на општина Радовиш – Ацо Ристов, беа разменети мислења на повеќе актуелни теми, вклучувајќи ја економската состојба во државата и општината како и можнстите за соработка помеѓу наши локални компании и компании од Руската Федерација.
Беше разговарано и за можностите за набавка на опрема за модерно земјоделско производство, за програмите кои би можела да ги поддржи оваа амбасада како и за бизнис капацитетите со кои располага нашата општина за кои во иднина може да биде остварена соработка и инвестиции на компании од Руската Федерација.