ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ НА МЗШВ, ТРАЈАН ДИМКОВСКИ
Дата
March 06, 2020
Категорија
ВестиВо текот на вчерашниот ден, градоначалникот на Општина Радовиш, заедно со Претседателот на Советот, Коле Чаракчиев и секретарот на Општина Радовиш, Драги Стојанов остварија средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на платежната агенција (АФПЗРР), Николче Бабовски и директорката на агенцијата за вработување на РСМ, Билјана Јовановска.
На средбата беше разговарано за проектите кои Општина Радовиш ги реализира со средства од Програмата за рурален развој од ЈПДП, но и за сите други проекти реализирани од средства на општината. Градоначалникот изрази задоволство за добро завршената работа во делот на целосниот откуп на тутун, кој оваа година постигна највисока откупна цена во споредба со изминатите години.