ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ „СОНЦЕ“
Центарот за ран детски развој ,,Сонце“ од Радовиш денеска беше дел од краванот низ Македонија за промовирање на прирачникот за „Бонтон“ на Турски јазик
Проектот на магистар Нермин Теловска дефектолог-логопед специјалист за нарушување во говорот кај децата, кој го реализира за децата од најмала возраст да научат правилно изговор и јазик како и добро однесување. Проектот кој е одобрен од Министерството за Труд и Социјална Политика се реализира во соработка со директори на детски градинки и педагози, а со подршка на општините.
Претставници од Министерството за труд и социјална политика, како и претставници од „Проектот за добро однесување-бонтон кај децата“ заедно со Градоначалникот Сашко Николов денеска го посетија Центарот за ран детски развој „Сонце“ во нашиот град каде што на децата од турска националност им беше поделена книгата на г-ѓа Ели Маказлиева која е автор на книгата „Детски бонтон“ која е преведена и на турски јазик, и во која уште од најмала возраст децата се учат на добро однесување во семејната средина и надвор од неа. За присутните гости, децата приредија мала приредба.
Центрите за ран детски развој имаат добра соработка и воспоставено партнерство со локалната самоуправа која подржува дел од нивните активности.
Градоначалникот Сашко Николов за претставниците од Министерството за Труд и Социјална Политика организираше и прием во општината.
Дата
May 19, 2016