ПОСЕТИ И СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ ОД МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
September 15, 2015
Категорија
ВестиНИКОЛОВ: СЕКОЈА МЕСНА И УРБАНА ЗАЕДНИЦА ЌЕ БИДЕ ПОСЕТЕНА, A ГРАЃАНИТЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА ПРОЕКТИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
Градоначалниот Сашко Николов заедно со тим од соработници, надлежни раководни лица од локалната самоуправа и локални институции од минатата недела активно започнува да одржува средби со граѓаните од месните заедници од градот и населените места.
Целта на овие средби е пред се граѓаните да бидат информирани за проектите кои општината ги реализира во изминатата година, за проектите кои во моментов се во фаза на реализација како и за идните планирани. Досега се одржани средби со граѓани од сите урбани заедници од градот вклучително и населба Раклиш, во следниот период Градоначалникот лично ќе ги посети сите останати населени места.
,,Во изминативе години општина Радовиш беше една од општините во која имаше реализација на многу малку проекти, тоа беше резултат на неподготвеноста на општината со техничка документација-слабост која ја констатиравме и активно работиме на тоа да имаме се повеќе готова техничка документација за различни проекти. И сега слободно можам да кажам дека со реализираните досегашни активности ние сме и ќе бидеме една од ретките општини во кои Владата на Република Македонија, и ние како општина од сопствениот буџет инвестираме средства кои ќе допринесат за подобрување на животот на нашите граѓани,,- рече градоначалникот Николов.