НОВ РОВОКОПАЧ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
June 03, 2019
Категорија
ВестиПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА НОВИОТ РОВОКОПАЧ
Обезбеден од проектот на ЕУ: Набавка на универзални ровокопачи-натоварувачи за потребите на руралните општини
Битола, 31, мај- Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов го потпиша Договорот со кој општината добива нова универзална машина ровокопач која заеднички ќе ја користи со општините Конче и Карбинци.
- „Денес го добивме ровокопачот за кој аплициравме во Проектот за подобрување на општинските услуги подржан од Министерството за финансии со средства обезбедени како грант од ЕУ. Како градоначалник би сакал да и се заблагодарам на Владата на Република Севрна Македонија и на Европската Унија за несебичната помош која ја даваат за развој на руралните средини. Носител на проектот е Општина Радовиш и нашето комунално претпријатие Плаваја ќе биде седиште на ровокопачот кој по потреба ќе го користат и општините Конче и Карбинци“ – изјави градначалникот Конзулов.
Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра.
Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи која е финансирана со средствата од Европската унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно одржување на инфраструктурата во руралните области. Ровокопачите ќе бидат доделени на 10 општини кои во група со уште по две општини заеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.