ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА И ИЗГРАДБА НА УЧИЛИШТЕ ВО КАЛАУЗЛИЈА
Дата
June 13, 2018
Категорија
Вести, Тековни ПроектиТурската меѓународна агенција за соработка и развој (ТИКА) претставувана од Ајтекин Ајден-програмски координатор и општина Радовиш претставувана од Градоначалникот Герасим Конзулов вчера потпишаа договор за соработка во врска со работите поврзани со Проектирање и градежни работи за нова училишна зграда во подрачното училиште во село Калаузлија, при централното основно училиште Крсте П. Мисирков од Радовиш.
Изградбата на оваа училиште од страна на ТИКА е во склоп на нивниот проект „За подобрување на образовните услови во руралните области“.