ПОТПИШАН „МЕМОРАНДУМ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА“ ПОМЕЃУ ОПШТИНА РАДОВИШ И ОПШТИНА ТЕТЕВЕН ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
Дата
August 23, 2018
Категорија
ВестиВо официјална посета на ЕЛС општина Радовиш беше делегацијата од општина Тетевен, Република Бугарија предводена од Градоначалничката Г-ѓа Мадлена Бојаџиева.
Најпрво беше остварен прием во кабинетот на Градоначалникот на општина Радовиш а потоа беше реализирана работна средба помеѓу делегацијата од Тетевен со раководниот тим од општинската администрација на општина Радовиш. Покрај Градоначалничката, на работната средба учествуваа и двајцата заменици Градоначалници Тони Стоев – одговорен за европски проекти, Свилен Русинов – одговорен за спорт, култура и туризам, Валентина Николаева – Директор на специјализирана администрација, Цветелина Стојанова – Секретар на општината, Ирена Тихолова – Раководител на секторот за финансирање и буџет и Милкана Иванова – Главен експерт од областа на туризмот.
По одржувањето на работната средба, во салата на Советот на општина Радовиш, после поздравното обраќање на двајцата Градоначалници, официјално на свечен начин беше потпишан Меморандум за пријателство и соработка помеѓу двете општини.
„Со потпишувањето на овој Меморандум, заеднички ќе започнеме активна и непречена соработка во областа на : локалната инфраструктура и економски развој, туризмот и животната средина, енергетската ефикасност, образованието, здравството, културата, спортот и младите“ истакна Градоначалникот Конзулов.
Инаку, делегацијата од општина Тетевен, присуствуваше на сите настани кои беа организирани во склоп на Манифестацијата „Св.Спасо Радовишки“.