If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ПОМЕЃУ ОПШТИНА РАДОВИШ И „ЛЕАД“
13614
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13614,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ПОМЕЃУ ОПШТИНА РАДОВИШ И „ЛЕАД“

Дата

January 25, 2018

Категорија

Вести

Денес, со потпишувањето на Моморандумот  за соработка помеѓу Општина Радовиш застапувана од градоначалникот Герасим Конзулов и Здружението Лидери за едукација, активизам и развој – ЛЕАД застапувавмо од Илија Станковски, програмски директор, практично започна реализацијата на Проектот „Инкубатор за младинско организирање„ којшто се спроведува преку проектот „ИПА 2 Механизам за граѓанските организации„. Целта на овој проект е воспоставување на две форми на младинско здружување во општините Радовиш и Пробиштип со вклучување на десет млади луѓе – пооделно и во двете општини.

 

Главните активности предвдидени со проекттот се спроведување на ТРЕНИНГ МОДУЛИ со кои ќе се подготвата овие 10 МЛАДИ ЛУЃЕ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ да се организираат и да делуваат во локалните заедници за да ги артикулираат своите мислења и идеи, како и да спроведуваат локални иницијативи од интерес на младите од општината Радовиш.

 

Сите овие активности ќе бидат финансирани во рамките на проектот од страна на Европската Унија, а ќе бидат спроведени од страна на проектниот тим на ЛЕАД во периодот од Јануари до Јуни 2018 година.

 

На средбата сои советникот за образование Борче Панов, преставниците од ЛЕАД го излажија својот План за спроведување на тренинг модулите по што, со посредство на советникот Панов беше остварена и средба со директорката на ОНБ Браќа Миладиновци од Радовиш – Иванка Соколова. На средбата се договори ОНБ по соодветен договор помеѓу ЛЕАД и ОНБ Браќа Миладиновци, тренинг модулите да ги спроведат во библиотеката.

 

Инаку, се очекува до 14 Февруари ЛЕАД да објави Јавен оглас за пријавување на заинтересираните млади, коишто ќе бидат селектирани за учество во овој проект. По огласот можат да се јават сите заинтересирани млади од општина Радовиш од 15 до 29 годишна возраст.