КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Категорија
Вести, Совет
Советот на општина Радовиш ја одржа првата конститутивна седница. На истата беа верификувани мандатите на деветнаесете нови советници на општината.
Во следните четири години за интересите на жителите на Опшина Радовиш во соработка со градоначалникот Герасим Конзулов, одлуки ќе носат вкупно 19 советници, од кои, 8 има коалицијата предводена од СДСМ и 7 од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 3 од независни листи и 1 советник од ТДП.
На функцијата претседател на Советот на Општина Радовиш, беше избран Никола Чаракчиев. Заблагодарувајќи се за својот избор тој истакна дека очекува успешна соработка со сите членови на советот од сите политички партии, во интерес на сите граѓани на општина Радовиш.
„Оваа функција ја прифаќам како огромна доверба и чест. Меѓутоа уште поголема е одговорноста и обврската која се поставува пред мене како претседател на Советот и пред самиот Совет избран од граѓаните за да ги решаваме нивните проблеми“ – Истакна Никола Чаракчиев, новиот претседател на Советот.
Советот прво ги избра претседателот и членовите на Комисија за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Радовиш, а потоа се верификуваа мандатите на советниците и давање на свечена изјава. Потоа следуваше избор на претседател на Советот.
На конститутивната седница свое обраќање имаше и Градоначалникот Герасим Конзулов. Тој нагласи дека се надева на добра соработка со членовите на советот, се со цел во интерес на сите граѓани на Општина Радовиш.
Седницата се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со почеток од 12 часот.