ПРВО ТРЕТИРАЊЕ НА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА НА АДУЛТНИ КОМАРЦИ ПО ЗЕМЈЕН ПАТ
Дата
June 04, 2020
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на адултни комарци по земјен пат.
Предвидени се вкупно две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.
Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото третирање против возрасни комарци ќе се изврши на 10 и 11 јуни 2020 година, со следниот распоред:
1.На 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и
2.На 11.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.