ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН ЗА НОВИТЕ ПРВАЧИЊА
Дата
September 01, 2016
Категорија
ВестиДенес, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов беше во посета на Општинското Основно училиште „Никола Карев“, каде со скромен подарок на новите првачиња им го честиташе влегувањето во училишните клупи и им посака многу успеси во учењето.
Првачињата во придружба на нивните родители, во Општинското основно училиште „Никола Карев“ беа дочекани со свечена приредба спроведена од децата од погорните одделенија, организирана и подготвена од наставничкиот колектив.
Во своето обраќање до присутните градоначалникот Николов рече: „На сите ученици кои го започнуваат образованието како и на оние кои го продолжуваат образованието им посакувам да нижат успеси и да бидат гордост на нивите семејства. Предност на нашата општина е да имаме што повеќе талентирани ученици кои ќе ја претставуваат општината. Ме радува податокот што ова година имаме 50 првачиња повеќе во однос на претходната година. А во детската градинка ова година имаме најголем број на згрижени дечиња во историјата на градинката 560 деца се згрижени и 20 се на листата на чекање. Се надевам дека оваа тенденција ќе продолжи и во иднина.“