ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРИГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 19, 2015
Категорија
ВестиВчера во просториите на Општина Радовиш, беше одржана презентација на тригодишна програма за Енергетска ефикасност на општина Радовиш.
Општина Радовиш, од страна на Светска банка беше избрана за реализација на овој проект, како претставник на општините од гратските подрачја (во конкуренција од апликации на 50-тина општини).
Во согласност со новите законски одредби, секоја општина има обврска до Агенција за енергетика на РМ да доставува тригодишна програма за ЕЕ и годишен Акционен план кој се темели на програмата.
Општина Радовиш беше посочена како една од посериозните општини кој имат конкретни активност во спроведување на мерки во делот на Енергетска ефикасност. Имено од досега завршените проекти на градежни активности на објекти кој се во ингиренција на ЕЛС (детска градинка, Основни училишта и здравствен дом-Радовиш), извршена реконструкција на дел од уличниот систем со енергетски ефикасна опрема, ке следуват следни активности. Најавена е реконструкција на објектот на противпожарна единица, Центарот за култура и ке се отпочне со континуирано инвестирање во реконструкција и на останатиод дек од уличното осветлување со опрема која има енергетски ефикасни карактеристики.
Оваа програма изработена во соработка на Светска банка и ЕЛС Радовиш, како пример ке биде предмет за обучување и на останати општини , да се оспособат самостојно да изработуват тригодисни програми за Енергетска ефикасност.
Во снимањето и сумирањето на потребните податоци беа вклучени претставници (енергески менаџери) од сите правни субјекти кој се во склопот на ингиренциите на Општина Радовиш (Основните и средното училиште, Против пожарната единица, Детската градинка, Библиотеката, Центарот за култура, ЈП Плаваја и објектот на општинската администрација).
Анализирани се постоечките состојби на повеќе сегменти: Јавните објекти, јавното осветлување, водоснабдувањето на Општина Радовиш, потрошувачката на енергенти за превоз, греење, затоплување….и е извршена Нормализација (постапка на прилагодување на заштедите на енергија според референтни услови.
Светска банка, за потребите на Општина Радовиш, во рамките на овој проект ке изработи три Предфизибилити студии за зголемување на Енергетската ефикасност, а со тоа и во заштеда на средства, кој би биле наменски употребени за други активности.
Следна активност во спроведување на овој процес е донесување на оваа програма на Совет на Општина Радовиш и нејзино доставување до Агенцијата на енергетика на РМ и изработка на годишен Акционен план за Енергетска ефикасност.