ПРИЕМ НА ДЕЛЕГАЦИИТЕ ОД ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ
Дата
October 14, 2018
Категорија
ВестиДЕЛЕГАЦИИТЕ ОД ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ГРАДОВИ ИМПРЕСИОНИРАНИ ОД ГОСТОПРИМСТВОТО НА РАДОВИШАНИ
Градоначалникот Герасим Конузлов денес на задничкото дружење со претставниците на делегациите од збратимените и пријателските општини на Радовиш кои беа гости во нашата општина по повод Манифестацијата „Самун ем Татлија“, им искажа благодарност за посетата, недавајки се дека ќе понесат прекрасни впечатоци и сеќавање од престојот во општина Радовиш и Манифестацијата „Самун ем Татлија“, и повторна посета и видување во иднина.
Претставниците од дел од збратимените градови кои си заминуваат денес, му се заблагодарија на Градоначалникот Конзулов и радовишани за топлото гостопримство кои го имаа во изминатите неколку денови.
Исто така беа разменети сувенири и подароци за сеќавање на оваа посета во Радовиш.
Инаку делегациите денес имаа и посета на дел од компаниите во нашата општина, тие ја посетија Млекара Ѓоргиеви каде што од страна на сопственикот беа запознаени со производствениот процес и продуктите кои ги произведува оваа млечна индустрија.
Фото Галерија