If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРИЕМ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НЕКОЛКУ ГРАДОВИ ОД СРБИЈА
15012
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15012,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРИЕМ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НЕКОЛКУ ГРАДОВИ ОД СРБИЈА

Дата

October 19, 2018

Категорија

Вести

Прием кај градоначалникот на општина Радовиш на претставници од пет градови во Р.Србија во рамките на студискиот престој посветен на семејното насилство и последиците врз децата и младите.

 

Денес во Радовиш започнува дводневниот студиски престој на 13 учесници од пет градови од Република Србија: Велика Плана, Пожаревац, Големо градиште, Смедеревска Паланка и Кучево.

Во рамките на студискиот престој на гостите од Србија во чиј состав има директори на училишта, педагози, психолози, советници за образование, библиотекари и професори по книжевност, денес се оствари прием кај градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, кој што срдечно ги поздрави гостите и го изрази своето задоволство поради сериозноста на темата под чиј знак ќе се одвиваат активностите на овој студиски престој „Семејното насилство“ и фактот што во сите нив се вклучени и ученици од СОУ „Коста Сусинов“ заедно со учениците од петте градови од Србија.

 

Инаку, овој студиски престој е резултат од соработката помеѓу невладините организации „Свет на зборови“ од Велика Плана и „Женска акција“ од Радовиш во која што се вклучија и ОНБ „Браќа Миладиновци“ и СОУ „Коста Сусинов“.

 

Имајќи ја предвид темата на студискиот престој – горливиот проблем поврзан со семејното насилство, како и последиците врз младите, во програмата за овие два дена предвидено е одржување на трибина на тема: „Пет до дванаесет“ поврзана со семејното насилство во чии рамки ќе се изведат и две монодрами: „Знам која не сум–Не знам која сум“ во интерпретација на Стефанија Ефтимова и Моника Трајанова и „Денес добив цвеќе“ во изведба на Милијана Миловиќ.

 

 

Photo Gallery - Фото Галерија 

Фото Галерија