If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Известување за проектот за збратимување, според програмата–Мрежа на градови (Network of Towns)
13093
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13093,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Известување за проектот за збратимување, според програмата–Мрежа на градови (Network of Towns)

Дата

November 08, 2017

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

Општина Радовиш, заедно со  општината Контурси Терми од Италија спроведува проект за збратимување, според програмата –Мрежа на градови (Network of Towns).

 

Предвидена е 3 дневна посета на официјална делегација од општина Радовиш во општина Контурси Терми, во која е предвидено учество на успешни студенти или дипломци од областа на туризмот и/или кулинарството. Истите треба да имат солидно познавање на Англиски јазик или Италијански јазик. При пријавувањето потребно е да се приложат следните документи:

 

  • Уверение или диплома за завршен факултет од областа на туризмот и/или кулинарството, или потврда дека кандидатот е запишан редовен или вонреден студент на факултет од областа на туризмот и/или кулинарството.
  • Сертификати, признанија, потврди, награди или слични документи за учество на работилници, семинари, конференции или натпревари во Република Македонија или странство, доколку каднидатот ги поседува.
  • Сертификат, потврда или сличен документ кој потврдува познавање на Англиски јазик или евентуално Италијански јазик (познавањето на двата јазици би било предност), според европската јазична референтна рамка на најмало ниво од Б1.

 

Сите трошоци за патувањето и сместувањето се покриени од страна на проектот.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите е потребно да се пријават во општина Радовиш, во одделението за локален економски развој кај административните службеници м-р Лазар Газепов и Роберт Донев од 07,30 ч. До 15,30 ч., секој работен ден, најдоцна до 13 Ноември 2017 година.

 

По извршената селекција од страна на општина Радовиш, избраните кандидати ке бидат дополнително контактирани за понатамошните чекори.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

 

pdf-icon   ИЗВЕСТУВАЊЕ