ПРОЕКТ ЗА ПАТ КОЈ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ОПШТИНИТЕ РАДОВИШ, ШТИП И КАРБИНЦИ
Дата
July 25, 2019
Категорија
Вести, Тековни ПроектиНа општина Радовиш и се доделени средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во износ од 1.000.000,00 денари, за изработка на проект за пат кој ќе ги поврзува општините: Радовиш, Штип и Карбинци (од шумската куќичка во месноста „Коњарник“ до детското летувалиште на Општина Штип) и истиот претставува продолжување на патниот правец Радовиш-Планина Плачковица.
Договорот го потпишаа градоначалникот Герасим Конзулов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.