ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВОИЗГРАДЕНАТА УЛИЦА ВО СЕЛО БУЧИМ
Дата
July 18, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиВо текот на изминатиот период активно се работеше на изградбата односно поплочување на улица во населеното место Бучим која е во должина 200 метри или 720 м/2.
Денеска на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам свечено беше пуштена во употреба нова поплочена улица во село Бучим. Улицата е изградена во соврмен стил, каде што целосно средства за реализација се обезбедени од буџетот на Општина Радовиш.
Свеченото пуштање во употреба го извршија Градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов, претседателто на Советот Никола Миовски, Советникот од ТДП Енис Омеров и граѓани од село Бучим.
Ова е дел од проектите кои предвидуваат подобрување на локалната инфраструктура, со оглед на фактот дека нашата општина комплетно ја реши локалната патна мрежа која е изградена сега целосно се насочуваме и посветуваме на улици во населените места и градот-рече градоначалникот Николов.
Жителите на населеното место Бучим се задоволни од наведените активности кои се одвиваат во нивното село.