ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ТОПОЛНИЦА
Во село Тополница беше пуштено во функција новото повеќенаменско спортско игралиште, кое е изградено со средства од буџетот на општина Радовиш, еден од ветените проекти на Градоначалникот Сашко Николов за жителите на оваа населено место.
Навистина е задоволството големо што во селото Тополница имаме прилика да пуштиме во функција едно прекрасно повеќенаменско спортско игралиште кое ќе биде во функција пред се на учениците од основното училиште во оваа населено место, а секако и за сите граѓани од Тополница и сите населени места кои гравитираат околу Тополница.
Секако ќе биде прилика од оваа игралиште се издигнат многу идни спортисти кој што ќе бидат гордост на жителите на село Тополница.
Ние како општина во изминатите години ставаме силен акцент кога се работи за спортот и инфраструктурата за спорт, последните три години на територијата на Општина Радовиш се изградени десет повеќенаменски спортски терени, исто така ги поддржуваме сите спортски манифестации сите спортски клубови -и со гордост можеме да кажеме дека сме една од општините што имаме позитивни резултати во спортот.
Кога сме кај Тополница покрај овој реализиран проект, сакам да најавам уште еден проект кој што ќе почнеме да го реализираме за многу брзо време, а тоа е изградба на улица во оваа населено место која ќе биде околу 1200 м2 поплочена со бекатон – истакна Градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов.
Дата
June 20, 2016