ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО КАЛАУЗЛИЈА
Дата
December 29, 2021
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиПреку обезбедување на нови стандарди со нови училишни згради и нова училишна опрема, продолжуваме со унапредување на условите за современо и модерно одвивање на образовниот процес во општината.
Согласно позитивното мислење добиено од Министерството за образование и наука за отпочнување со работа и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, денес во употреба го пуштивме Подрачното училиште во село Калаузлија кое е во состав на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш.
Во оваа нова современа училишна зграда наставата ќе ја следат вкупно 36 ученици распоредени во 2 комбинирани паралелки согласно сите нови стандарди.
Новата зграда е изградена со средства од Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“ а со поддршка од страна на општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов на чинот на предавањето во употреба нагласи дека за реализација на сите овие проекти општината соработувала и ќе продолжи да соработува со Министерството за образование, како и со многу потенцијални инвеститори и донатори во сферата на образованието.
Воедно Градоначалникот нагласи дека согласно плановите и програмите за работа, 2022-ра година ќе биде година на изработка на нови проекти и техничка документација за целосно решавање на просторните и инфраструктурните приоритети на сите општински училишта во општина Радовиш.