РАБОТЕН СОСТАНОК СО ВОЛОНТЕРИ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МИРОВЕН КОРПУС“
Дата
May 15, 2018
Категорија
ВестиДенес во салата за состаноци на Општина Радовиш се одржа работен состанок на претставници на Општина Радовиш, претставници на образовните институции во општината и претставници на здруженија на граѓани со претставници од организацијата “Мировен Корпус“ од Соединетите Американски Држави.
На состанокот присуствуваа високи претставници и волонтери од организацијата “Мировен Корпус“ од Соединетите Американски Држави.
Исто така на состанокот беа презентирани можностите за аплицирање и одобрување на волонтер од организацијата “Мировен Корпус“ од Соединетите Американски Држави.