РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА JICA
Дата
January 24, 2019
Категорија
ВестиДенес во просториите на општина Радовиш беше одржан работен состанок од Еко-ДРР проектот за градење на капацитети за еко системи базирано на намалување на ризикот од катастрофи, преку одржливо стопанисување на шумите.
На овој состанок беше разговарано за главните работи кои ќе треба да се реализираат во оваа 2019 година, и активностите кои ќе се спроведуваат во перидот кој претстои на локацијата-односно територијата на село Коџалија.
Присутни беа Matoyuki Nishida-претставник од JICA, Стевко Стефаноски-координатор на проектот од ЦУК, Сашо Димитров-координатор од JICA, Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот-Коле Чаракчиев, советниците Енис Омер и Игор Петков, секретарот на општина Радовиш-Драги Стојанов, претставници од ЈП Македонски шуми, РЦУК, и месната заедница од Коџалија.
Претставниците од општината и од имплементаторите на проектот JICA во текот на денот уште еднаш ја посетија микро локацијата пред да отпочнат главните активности на проектот.