РАБОТИЛНИЦА НА ЛЕСС – Локалните економски социјални совети
Дата
March 24, 2017
Категорија
ВестиНа ден 23.03.2017 година во ресторан Шампион во Радовиш, се одржа последната 7 работилница наменета за претставниците на ЛЕСС – локалните економско социјални совети од Република Македонија. На работилницата присуствуваа и членовите на ЛЕСС – локалниот економско социјален совет на општина Радовиш. Локалниот економско социјален совет од Радовиш беше формиран преку реализацијата на овој проект кој беше финансиран и подржан од страна на Обединетите Нации – Меѓународната организација на труд и Градоначалникот на Општина Радовиш г-дин Сашко Николов.
Тема на одржаната работилница беше: “безбедноста и заштитата при работа“, посебно во деловите на законската регулатива, правата и обврските на работодавачите и работниците, реалните состојби во Република Македонија, улогата на државните институции и локалните економско социјални совети.