РАБОТНА ПОСЕТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ШПЕНДИ ХАЈРЕДИН
Дата
August 16, 2019
Категорија
ВестиВо работна посета на општина Радовиш вчера беше Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин и Ѓорги Тасев- посебен советник за млади и спорт во Владата.
На средбата се разговараше за спроведување на одлуката на Владата, спортските објекти во општините да бидат префрлени под јурисдикција на самите општини.
Сето ова е во насок на подобрување на функционирањето на спортските објекти, со оваа одлука ќе се реши и долгогодишниот нерешен статус на спортската сала „25 мај“ во нашиот град, каде што спортските клубови и рекреативци ќе имат подобри услови за спортување и одржување на своите тренинзи.