РАБОТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ
Дата
March 04, 2015
Категорија
ВестиДенес беше одржана работна седница на Собранието на Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче, со која претседаваше Претседателот Јордан Костадинов.
На оваа седница се работеше на дневен ред од повеќе точки, а исто така беше разгледана Завршната сметка за 2014 година на оваа здружение, и извештајот за финансовото работење во 2014 година.
Со реализираните и престојните активности и проекти на оваа Здружение, членовите на Собранието беа запознаени од страна на Претседателот Јордан Костадинов, кој исто така го поздрави присуството на Градоначалникот Сашко Николов, а од негово, и име на сите членови на Здружението на Пензионерите на Радовиш и Конче му беше искажана голема благодарност за досегашната одлична соработка и поддршка кој им ја дава, реализирајки на голем број заеднички проекти кои се од огромно значање за пензионерите од Радовиш и Конче.
Градоначалникот Николов посакувајки им добро здравје и безгрижни пензионерски денови на присутните и сите пензионери од Радовиш и Конче, истакна дека соработката на општина Радовиш и Здружението секогаш ќе се одржува, а заедничките проекти ќе продолжат да се реализираат и остваруват.