РАБОТНА СРЕДБА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА КАЛАУЗЛИЈА, ОРАОВИЦА И КАЛУГЕРИЦА И ИЊЕВО
Дата
April 17, 2019
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов, во рамките на своите секојдневни работни активности, заедно со раководителот на Урбанизам, Кирчо Сусинов и директорот на ЈКП Плаваја, Дејан Крстев извршија увид во реализацијата на Програмата за уредување на изградба на општина Радовиш, при што ги посетија населените места Калаузлија, Ораовица, Калугерица и Ињево и воедно Градоначалникот одржа средби со раководствата на овие Месни заедници, со цел за решавање на тековните проблеми.