РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОЕКТОТ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА
Дата
November 09, 2017
Категорија
Вести, Тековни ПроектиДенес по иницијатива на Градоначалникот Герасим Конзулов се одржа работна средба со учесниците во изведбата на проектот Пречестителна станица и реконструкција на канализационите системи.
Беа Присутни преставници на изведувачкиот конзорциум VTE и ,,Вардар Градба,, со своите претставници Томик Тебски, Славејко Георгиев и Николче Панев, Надзорот од Бугарија – Цветанка Барбушева, Претставници од ЈП,,Плаваја,, – Мите Коцев и Страхил Гавритов, Координаторот на РЕИП – Томе Даневски и Секретарот на Општина Радовиш – Драги Стојанов.
Беше анализирана ситуацијата која следува после издавањето на Одобрението за градба и реконструкција на канализационите системи и анализа и динамика на отпочнување на гредежните работи за постигнување на истите.
Ќе бидат реконструирани 3.300 метра фекална канализација и изведба на колектор во должина од 1.600метра.